Тројца патници, Џон Гудвин (80), Кејша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на заобленоста на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.
Оваа мисија, наречена Галактик 02, е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни.
Џиновскиот носач на авиони полета од конвенционалната писта во Ново Мексико и по фазата на искачување лансираше летало на ракетен погон што наликува на голем приватен авион.
Потоа го вклучил моторот и забрзал вертикално додека не надминал надморска височина од 80 километри, што американската војска го смета за граница од која започнува вселената. Вселенското летало достигна височина од 88 километри, изјави коментаторот на видеото во живо.
Бродот набрзо почнал да се спушта со лебдење, а потоа слетал на истата писта.
Кејша Шахаф и нејзината ќерка Анастатија Мајерс од Карибите го освоија билетот на натпреварот организиран од Вирџин Галактик. Третиот патник, Британецот Џон Гудвин, учествувал на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледува од Паркинсонова болест и е втор човек со оваа болест кој бил во вселената.
И покрај тоа што има 80 години, тој не е најстариот патник. Таа титула му припаѓа на Вилијам Шатнер, стар деведесет години. Околу 800 клиенти купиле билет за патување во вселената по цена која прво била од 200.000 до 250.000 долари, а подоцна се зголемила на 450.000.