недела, 27 октомври 2024

Тројца охриѓани, двајца кратовчани и еден кумановец ќе одговараат за криумчарење мигранти

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за  сторено кривично дело организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти на територија на Бугарија и Унгарија, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Кривична пријава е поднесена против Ц.Н., А.М., И.Б., тројцата од Охрид, како и против А.С., Ф.З., двајцата од Кратово и Б.Д. од Куманово.

„Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата- илегални мигранти на територија на Бугарија и Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000 до 3000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти“, се појаснува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ