понеделник, 28 октомври 2024

Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

Полицијата во српски Младеновац уапсила тројца мажи кои ноќта меѓу саботата и неделата се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовниот убиец во селата Мало Орашје и Дубона. Според српскиот портал Телеграф, тројцата мажи стигнале со автомобил марка „фиат“ до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да го запалат објектот. Меѓутоа огнот ја зафатил само тревата, а полицијата успеала да го изгаси пожарот до доаѓањето на пожарникарите.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Осомничените биле набрзо сопрени и уапсени и приведени на испрашување.

Крвавиот поход на Блажиќ по селата кај Младеновац се случи во мај 2023, само еден ден по пукањето во основното училиште Владислав Рибникар во Белград. Блажиќ својот поход го почнал во Мало Орашје, а потоа се упатил во Дубона. Напаѓачот п масакрот избегал, а потрагата по него траеше до раните утрински часови 50 километри подалеку, кај Крагуевац.

Тој уби девет, а рани 14 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ