петок, 18 октомври 2024

Триатлонот за мажи на Олимписките игри е одложен поради загаденост на Сена

Триатлонот за мажи кој требаше да се одржи утринава, е презакажан за утре поради загаденост на реката Сена.

Објавено на

часот

Сподели

Во 3 часот по полноќ бил одржан итен состанок на кој било решено машкиот триатлон кој требаше да се одржи денеска да се презакаже за утре.

Причина за тоа е нивото на загаденост на реката Сена, таа е со лош квалитет поради кој во неа не може да има натпреварување.

Организаторот и триатлонците се надеваат дека состојбата на реката утре ќе биде подобра и натпреварувањето ќе може да се одржи.

Доколку се биде во ред, за утре во 8 часот наутро е предвиден женскиот триатлон, а машкиот ќе почне од 10:45 часот.

Проблемот со загаденост на Сена постои веќе неколку години, но и покрај тоа организаторот на игрите инсистираше да се одржуваат натпреварувањата реката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ