понеделник, 21 октомври 2024

Три сообраќајки, тројца моторџии завршија со тешки повреди

Тројца моторџии во посебни сообраќајни несреќи вчера завршиле во бoлница со тешки телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во на локалниот пат помеѓу селата Банско и Муртино, Струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К. (19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С. (41) од село Банско. Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на полициската станица Струмица.

Во скопската населба Радишани настрадал моторџијата М.Н. (18) откако вчера со мопед „пијаџио“ се судрил со патничко возило „нисан“, управувано од А.Л. (56) и мопед „пијаџо“, управуван од М.Н.(18) од Скопје. М.Н. завршил со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На локалниот пат од село Тработивиште кон село Разловци, Делчево, А.С. (45) управувајќи мотоцикл со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ