петок, 18 октомври 2024

Три милиони Грци на прагот на сиромаштијата

Објавено на

часот

Сподели

Сиромаштијата е најстрашната бруталност

Повеќе од три милиони, од вкупно 11-те милиони жители на Грција, во 2010 година или биле на работ на сиромаштијата или живееле во беда.
Вкупно нешто повеќе од три милиони Грци, или 27,7 отсто од граѓаните на таа држава, се или сиромашни или на прагот на сиромаштијата, според официјалните статистички податоци што се однесуваат на првата година од официјалното прогласување на грчката криза, односно трета година од рецесијата.
Но состојбата во одредени членки на ЕУ е уште полоша – во Бугарија во сиромаштија или на нејзината граница живеат 41,6 отсто, во Летонија 38,1 отсто, во Унгарија 29,9 а во Полска 27,8 отсто. Во Шпанија бројката е малку пониска од Грција и изнесува 25,5 отсто.
Прагот на сиромаштијата се мери во однос на годишниот приход, односно доколку тој е 7.178 евра за личност што живее сама, односно помал од 15.073 евра за четиричлено семејство со две деца постари од 14 години, таквите личности се сметаат за сиромашни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ