Таа ја изрази свесноста на институциите за траумите и ризиците на кои се изложени мигрантите и ја искажа фокусираноста на вработените да им помогнат на мигрантите да ги надминат траумите и да се охрабрат за продолжување на патот до следната дестинација, велат од Министерство за труд и социјална политика.
„Во изминатата 2023 година, Винојуг прифати 586 придружувани деца/странци кои патуваат со своите родители/старатели и 164 деца/странци без придружба. Ова вклучува 161 машки и 3 женски, од кои сите добија старателство. Во првите два месеци од 2024 година, може со гордост да кажеме дека продолжуваме со нашите напори, олеснувајќи го транзитот на 18 машки и 5 женски деца придружувани деца/странци, но и на 11 деца/странци без придружба, односно на 10 машки и 1 женско дете“ изјави Тренчевска.
Таа истакна дека институциите кои работат во рамките на транзитниот центар Винојуг постојано се придржуваат до стандардните опреративни процедури и внатрешните инструкции воспоставени во 2015 и 2016 година. Тренчевска посочи дека во процедура се и планови за усвојување на нови нови стандардни оперативни процедури.
„За Владата, превенцијата и заштитата од трговија со луѓе се најважни приоритети. Нашата посветеност на рано откривање на потенцијална трговија со луѓе, особено на деца, е основата за нашите навремени интервенции насочени кон спречување на експлоатацијата и обезбедување суштинска поддршка. Оперативниот тим формиран во согласност со меѓународните препораки, кој ги вклучува обвинителството, Министерството за внатрешни работи и здружението на граѓани, е пример за нашиот холистички пристап кон официјалната идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе“ изјави Тренчевска.