четврток, 12 декември 2024

Тренчевска до владиката Петар: „Ти со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да разбереш дека таа бара исти права“

Објавено на

часот

Сподели

„Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51 отсто од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството“, се наведува во реакцијата на Тренчевска.

Претходно вчера, Владиката Петар во Велигденското послание рече дека родовата еднаквост е изопачена.

„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар. 

Рече дека на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. 

Оваа идеологија, вели владиката Петар, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена.

„Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Владиката Петар рече дека често се случува феминистичките здруженија барајќи права да го вперат прстот во Црквата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ