петок, 18 октомври 2024

Треба да се организираат избори на северот без можност за бојкот, вели Курти

Објавено на

часот

Сподели

Курти кажа дека се сложува со барањето на меѓународната заедница да се одржат нови избори, но истакна дека прво мора да се обезбеди фер и слободна кампања „без закани и повторен бојкот со слаб одзив“.

Србите последните избори на северот на Косово ги бојкотираа и не ги признаваат резултатите, односно новите градоначалници од албанската заедница.

Поради тоа беа засилени тензиите на крајот на мај бидејќи градоначалниците на сила се обидоа да влезат во општинските згради. „Промената на власта не може да се изврши со насилство, ниту со повредување НАТО војници, косовски полицајци или новинари, туку само со вонредни избори. Членот 72 од законот за локална самоуправа многу јасно прецизира дека за такво нешто е неопходно да се соберат 20 отсто потписи од вкупниот број гласачи, со што се почнува процесот за предвремени избори“, кажа Курти.

Повтори дека мора да се примени Договорот за нормализација на односите, кој Приштина и Белград го прифатија на крајот на февруари врз основа на предлог на Европската Унија. Курти порача дека од специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак вчера побарал овој договор целосно да се имплементира.

Покрај другото, со договорот се предвидува Србија да ги признае симболите на Косово и да не ги доведува во прашање територијалниот интегритет и суверенитетот, додека официјална Приштина на припадниците на српската заедница на Косово треба да им пружи одредено ниво на самоменаџирање.

Курти зборуваше и за барањата на ЕУ за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

„Околу овие три точки, ви кажав дека владата во голема мера изрази спремност да се договориме за вонредни избори, а вонредните избори ќе го решат и прашањето на градоначалниците“, истакна Курти.

ЕУ за кризата на северот главно ја обвини Приштина и побара итна деескалација, повлекување на специјалните единици на полицијата на Косово од општинските згради, распишување нови избори и враќање на дијалогот за нормализација на односите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ