„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори! Поради ова, јас како претседател на Левица го откажувам моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“, напиша синоќа Апасиев на Фејсбук.