Вчера Данди јунајтед му гостуваше на Хибернијан каде одигра 1-1. Трапановски го почна мечот од клупата, во игра влезе на почетокот од второто полувреме но по само десетина минути се повреди и мораше да излезе.
Трапановски поради повреда не беше во комбинација минатите два меча на Македонија во Лигата на нации, а од иста причина ќе ги пропушти и следните два дуели, против Фарски Острови и Летонија.
Се очекува Македонецот да биде неколку недели во аут, но допрва ќе се знае колку точно ќе паузира.