сабота, 26 октомври 2024

Трамп: Зеленски е еден од најголемите трговци во историјата

Претседателот на Украина Володимир Зеленски е еден од најголемите трговци во историјата бидејќи се обидува да замине од Вашингтон со џебови полни пари секогаш кога ќе ги посети Соединетите Американски Држави, изјави поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зеленски е еден од најголемите трговци во историјата. Секогаш кога ќе дојде во нашата земја, заминува со 50 или 60 милијарди долари. Никогаш не сум можел тоа да го правам. Многу подобар продавач е од мене“, истакна Трамп на предизборен митинг во Охајо.

Тој го повтори својот став на темата давање финансиска помош на Украина, кажувајќи дека САД би требало да му позајмуваат пари на Киев наместо да ги подаруваат.

„Би требало да им позајмиме пари, а не да им испраќаме, па, ако победат на бојното поле, и покрај минималните шанси, тие пари да ни ги вратат. Позајмете им пари, натерајте ги барем да бидат малку фини. Позајмете им пари, не им давајте само чек на 60 милијарди долари“, порача Трамп.

Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, Вашингтон е главниот поддржувач на Киев, обезбедувајќи му околу 113 милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош.

Актуелниот претседател на САД Џо Бајден во моментов го убедува Конгресот да усвои закон за помош вреден 95 милијарди долари кој вклучува дополнителна воена инјекција за Киев вредна над 60 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ