среда, 27 ноември 2024

Трамп вети дека ќе објави документи за атентатот на Кенеди

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека, доколку биде избран, ќе формира независна претседателска комисија за обиди за атентат, од која ќе побара да ги објави сите преостанати документи поврзани со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп ова го изјави на предизборен митинг во Аризона, каде во петокот се појави заедно со Роберт Кенеди Џуниор, пренесува порталот Аксиос.

„Комисијата ќе спроведе и ригорозна анализа на нападите од минатиот месец“, рече Трамп, мислејќи на нападот врз него на митинг во Пенсилванија.

Изјавата на Трамп дојде набргу откако независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор објави дека ја прекинува својата кампања и го поддржува републиканскиот претседателски кандидат.

Трамп за Си-ен-ен изјави дека „најверојатно“ ќе му даде на Кенеди позиција во неговата администрација доколку се повлече од претседателската трка и му ја даде својата поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ