„Сакам луѓето да престанат да умираат поради оваа смешна војна“, рече Трамп во телефонско интервју за Ројтерс.
Кога станува збор за Украина, Трамп не ја исклучи можноста владата во Киев да мора да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да ја запре војната. Тој додаде дека ако тој беше претседател, сè ќе беше „предмет на преговори“, но дека Украинците, кои енергично се бореа да ја одбранат својата земја, „заслужуваат многу пофалби.“
„Мислам дека имаат право да задржат многу тоа што го заслужија и мислам дека на тоа би се согласила и Русија. Потребен е вистински посредник или преговарач, а ние го немаме тоа во моментов“, рече Трамп.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин е ослабен од бунтот Вагнер, но сепак сѐ уште е силен. Трамп смета дека доколку Путин не бил на власт, не се знае која е алтернативата и дека можело да биде подобро, но и многу полошо.