сабота, 26 октомври 2024

Трамп победи во Флорида, но претрпе удар бидејќи многу републиканци не сакале да гласаат за него

Доналд Трамп вчера однесе победа на партиските избори на Флорида, но во таа американска сојузна држава која со мало мнозинство ја доби на претседателските избори во 2020 година доживеа и удар – бидејќи илјадници републиканци одбиле да гласаат за него, пишуваа американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако поранешниот американски претседател победи на Флорида на републиканските избори за партиски претседателски кандидат, освојувајќи 910,857 гласови односно 81,2 отсто од вкупниот број гласови, околу 197.000 луѓе односно 17,8 отсто ги поддржале или Ники Хејли или Рон де Сантис, иако и двајцата отпаднаа од партиската трка.

Резултатите покажуваат дека Трамп ја губи поддршката на Флорида во однос на партиските предизбори од 2020 година. Тогаш тој освои 94 отсто од гласовите на републиканците во таа американска сојузна држава.

На претседателските избори, пак, во 2020 година, Трамп на Флорида со тесно мнозинство го победи својот конкурент од Демократската партија Џо Бајден. Трамп освои 51,2 отсто од гласовите, а Бајден 47,9.

Многу е извесно дека Трамп и Бајден ќе се соочат и на годинешните претседателски избори.

Иако има широка поддршка од членовите на својата партија, значителен дел од умереното крило на членството одбиваат да гласаат за него и велат дека никогаш нема да го направат тоа.

Републиканската партија е поделена и раскарана во Конгресот, но и во Републиканскиот национален комитет.

Ники Хејли се повлече од предизборите на почетокот на месецот, но на Флорида сепак освои 13,9 отсто од гласовите на републиканците. Актуелниот гувернер на Флорида Рон де Сантис, кој од трката се повлече пред неа, но потоа го поддржа Трамп, освои само 3,7 отсто од гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ