недела, 27 октомври 2024

Трамп: Нападот на Хамас беше ужасен, но Израел треба да ја заврши војната

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп кажа дека би реагирал на ист начин на кој реагираше Израел по упадот на Хамас на 7 октомври, но дека Израел ја губи меѓународната поддршка и дека би требало да ја заврши војната против исламистичката група во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Убиствениот поход на Хамас на југот на Израел, како што кажа Трамп, бил „едно од најтажните нешта што некогаш сум ги видел“.

„Сепак, мора да ја завршите вашата војна. Мора да ја завршите“, кажа поранешниот американски претседател.

Трамп ова го изјави за израелскиот весник Израел хајом, во интервју објавено денес, пренесува Ројтерс.

Трамп бил прашан и како би реагирал доколку неговото семејство било жртва на нападот на Хамас.

„Би се однесувал на истиот начин како вас. Би морал да бидеш луд за да не реагираш така. Само будала не би го направила тоа. Тоа беше ужасен напад“, кажа тој.

„Многу ми смета кога ќе видам дека луѓето повеќе не зборуваат за 7 октомври, зборуваат само колку е Израел агресивен“, додаде Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ