сабота, 26 октомври 2024

Трамп: Можно е Путин да бил вмешан во смртта на Навални (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин „веројатно“ бил вмешан во смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор на Арктикот минатиот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам, но можеби, мислам веројатно, би можел да кажам веројатно, не знам. Тој беше млад човек, па статистички би бил жив долго време, веројатно е дека се случило нешто необично“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

Трамп повеќе пати вети и дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, став што носи вознемиреност кај западните сојузници дека републиканскиот кандидат би можел да освои втор мандат во ноември, наведе Политико.

Трамп додаде дека се надева дека нема да мора да избира помеѓу победа на Русија во Украина и испраќање помош за Киев и посочи дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател кога избувна конфликтот во февруари 2022 година.

Руските власти објавија дека Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, починал од природна смрт во затвор на 16 февруари.

Тој служеше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што се наведува во една од пресудите на рускиот суд, „за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности“.

Неговите поддржувачи, вклучително и неговата вдовица Јулија, тврдат дека Навални е убиен, но Кремљ негира каква било вмешаност во смртта на опозицискиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ