недела, 27 октомври 2024

Трамп: Имаме нова жртва за пораз – „лажливата Камала Харис, лудачката на радикалната левица“

Републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека лидерите на Демократската партија направиле недемократски потег и го избркале Џозеф Бајден од претседателската трка, но дека сега тој и неговиот тим имаат „нова жртва за да ја поразат – лажливата Камала Харис“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На митингот во Шарлот, Трамп на своите приврзаници им порача дека Бајден се откажал од претседателската трка, затоа што губи според сите анкети, пренесува Воис оф Америка.

Поранешниот американски претседател ја опиша Камала Харис како „ултралиберална движечка сила“, која би требало да одговара за имиграциската политика на администрацијата на Бајден.

„Како личност надлежна за границата, Камала ги отвори нашите граници, дозволувајќи им на 20 милиони илегални странци да влезат во нашата земја од целиот свет“, рече Трамп.

Поранешниот претседател ја опиша потпретседателката Харис како најлибералниот политичар некогаш избран во американската историја.

„Таа е лудачка на радикалната левица, која ќе ја уништи нашата земја ако некогаш биде избрана. Нема да го дозволиме тоа“, рече Трамп во Северна Каролина, една од неколкуте држави што се сметаат за клучни за победата на претседателските избори на 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ