Трамп води со еден процентен поен, 48 наспроти 47 отсто во однос на Харис, покажа истражувањето, маргина на грешка од три поени. Тоа значи дека кој било од нив би можел да победи на 5 ноември, објави Ројтерс.
Додека кампањата на Трамп претрпе релативно тежок период во неделите откако американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од трката во јули, најновите анкети покажуваат дека неговата поддршка е стабилна.
Анкетата покажа дека гласачите мислат дека треба да знаат повеќе за Харис, додека нивните мислења за Трамп се во голема мера утврдени.
Околу 28 отсто од анкетираните гласачи изјавиле дека им се потребни повеќе информации за кандидатот на демократите, додека само девет отсто го рекле истото за Трамп.
Анкетата покажува дека претседателската дебата во вторник може да биде клучен момент во предизборната кампања на кандидатот.
Харис ќе има можност да даде повеќе детали за тоа што планира да работи во 90-минутната дебата со Трамп.
Изборната трка е толку тесна што се верува дека дури и маргинално поместување за кој било кандидат ќе биде значајно.