недела, 27 октомври 2024

Трамп депонираше 175 милиони долари за да спречи властите во Њујорк да му запленат имот

Доналд Трамп вчера објави обврзница од 175 милиони долари за да избегне заплена на имотот, откако му беше наредено да плати 454 милиони долари отштета за финансиска измама, според судски документ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот американски претседател, кој повторно се кандидира за Белата куќа, морал да ги плати парите до четврток.

Објавувањето на обврзницата од страна на поранешниот претседател било неопходно за да се спречи њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс да иницира правни чекори за заплена на неговиот имот, вклучително и имотот како Трамп Тауер.

Станува збор за граѓанска постапка во која тој поднел жалба на пресудата. Апелацискиот суд во Њујорк му ја ублажи казната пред една недела, наложувајќи да плати обврзница од 175 милиони долари во рок од 10 дена

„Длабоко ја почитувам одлуката на Апелациониот суд и ќе уплатам 175 милиони долари… многу брзо, во рок од 10 дена“, рече тој тогаш.

Доналд Трамп беше осуден во средината на февруари да плати казна од 454 милиони долари со своите синови Ерик и Дон за финансиска измама во нивната империја Организацијата Трамп. Тие се обвинети дека во текот на 2010-тите години на минатиот век силно ја надувале вредноста на својот имот за да добијат поповолни кредити од банките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ