сабота, 26 октомври 2024

Трамп: Ако не победам јас на изборите, тоа ќе биде крај на американската демократија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку не победи на претседателските избори во ноември, тоа веројатно ќе биде крај на американската демократија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи пред приврзаниците на митинг во Охајо, тој повтори дека неговиот изборен пораз во 2020 година е резултат на измама, пренесува Ројтерс.

„Ако не победиме ние на овие избори, мислам дека нема да имате повеќе избори во оваа земја“, рече Трамп во Охајо.

Трамп, кој во државата Џорџија е обвинет дека се обидува да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, оваа недела освои доволно делегати на републиканските избори за да ја добие номинацијата на партијата.

Реваншот на изборите со Бајден веројатно ќе биде многу тесен. Минатонеделната анкета на Ројтерс и Ипсос покажа дека двајцата кандидати се статистички изедначени меѓу регистрираните гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ