„И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци.
Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата,толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн.
Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт.
Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност“, се вели во соопштението на партијата со кое се пренесува изјавата на нивниот лидер.