четврток, 21 ноември 2024

Трагедија во Мексико: Вооружени напаѓачи убиле десет лица во бар, има и ранети

Десет лица се убиени, најмалку седум се ранети во вооружен напад на бар во градот Керетаро, во централно Мексико, соопштија локалните власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападот го извршиле четири вооружени лица кои пристигнале пред локалот, потоа влегле внатре и отвориле оган врз гостите.

Според началникот на општинскиот оддел за јавна безбедност во Керетаро, Хуан Луис Ортиз, трагедијата се случила во саботата.

Мексиканската сојузна држава Керетаро и нејзиниот главен град со исто име главно се поштедени од насилството на нарко бандите или како резултат на шверц на дрога, со што се соочува соседната држава Гуанахуато, каде што е забележан најголем број убиства од сите 32 сојузни држави, пренесува Фигаро.

Ортиз ја сподели информацијата за нападот на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека властите покренале истрага и дека по напаѓачите интензивно се трага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ