Тотнем доживеа срамен пораз од 6-1 на Сент Џејмс Парк, уште потрагично беше дека по 21 минута резултатот беше 5-0 за Њукасл.
Денеска доаѓа информацијата дека Даниел Леви му врачил отказ на привремениот тренер Кристијан Стелини кој му беше асистент на Конте, но остана да го води тимот и по неговото заминување.
За нов привремен тренер е назначен Рајан Мејсон.
„Рајан го знае клубот и фудбалерите многу добро. Тој ќе го води тимот“, изјави сопственикот на Тотнем, Даниел Леви.