среда, 27 ноември 2024

Тошковски ги посети „Тигрите“, вели, треба повеќе да се инвестира во единицата (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети најелитната единица во рамки на Министерството за внатрешни работи, Специјалната антитерористичка единица – Тигар, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во кругот на единицата Тошковкси ја посети и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ