петок, 25 октомври 2024

Томовски: Германија е поразлична од Франција, но квалитетот е ист

Македонскиот голман, Мартин Томовски кој не доби шанса против Франција, очекува пеколно тежок натпревар против Германија во недела од 20:30 часот во Берлин.

Објавено на

часот

Сподели

Томовски смета дека Германија може да биде уште понезгодна селекција за Македонија отколку што беше Франција.

„Германија има квалитетен тим, но и покрај тоа изненадувачка е убедливата победа против Швајцарија во која примија само 14 голови. Одиграа одличен натпревар и веројатно утре ќе ни биде пеколно тешко тука во Берлин. Останува да ги подготвиме деталите односно да пробаме да ги исправиме грешките. Германија е различна репрезентација од Франција, но квалитетот исто така е голем. Сметам дека се поопасни од Французите поради младоста и тоа што се брзи и полетни. На нас е да се обидеме добро да ги затвориме и да одиграме подобра одбрана од мечот со Франција“, изјави Томовски.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ