петок, 18 октомври 2024
Случај Феникс, произлезен од предистрага на СЈО

Тодоровиќ одведен кај судија на претходна постапка, Здравев во 30-дневен притвор

Објавено на

часот

Сподели

Случајот за перење пари преку инсталирање на 11 споменици, односно истрагата наречена „Феникс“ (што може да се толкува како избрано име кое насочува дека предметите на СЈО не се мртви, н.з.), обвинителот на некогашното СЈО Лапе, а сега на ОЈО за организиран криминал и корупција го објави денеска на прес-конференција.  14 Македонци и еден Италјанец како и седум фирми од кои 4 македонски и три италијански, се дел од осомничените во истрагата, меѓу кои покрај Тодоровиќ и Здравев е и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, како и поранешниот премиер, недостапниот Никола Груевски како првообвинет, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, како и некогашната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова. 

Притвор му е определен и на Љ.Б., додека на лицето Т.Д. му е одреден домашен притвор. Се очекува во судот да бидат доведени, покрај Тодоровиќ кој сега е на распит во судот, уште две лица за кои обвинителството бара притвор.

Станува збор за следните споменици: „Воинот на коњ“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

Проценката, според досегашните докази на обвинителот, е дека станува збор за перење на пари и тоа за незаконско префрлање на пари во износ од над 57 милиони евра, oдносно испрани се 16 милиони евра за 11-те споменици.

Спомениците биле купени по двојно повисока цена од тендерот, односно, како што рече Лапе, ако, на пример, споменик во Македонија на тендерот чини 4,7 милиони евра, тој е излеан во Италија за 2,3 милиони евра. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ