петок, 18 октомври 2024

Тодоровиќ доби куќен притвор, на излегување од судот рече дека не е виновен

Објавено на

часот

Сподели

Практично, во делот за злоупотреба на службената положба, изречени се двете мерки куќен притвор и полесни мерки за обезбедување на осомничените во истрагата „Феникс“.

Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар.

Повеќе поранешни функционери, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски како првоосомничен, поранешните министри Зоран Ставрески и Елизабета Канчевска Милевска, се дел од истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“, а е произлезена од дел од предистрагата за проектот Скопје 2014. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

љ

                                                                                     Фото: Љубомир Лапе

Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, кој од формирањето на поранешното Специјално обвинителство работи на набавките поврзани со проектот Скопје 2014, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра).

г

                                                               Фото: Никола Груевски, првоосомничен во „Феникс“

Обвинителот не ги кажа имињата на осомничените, но според нивните своевремени функции, станува збор покрај за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

d

Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“. 

Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

Здравев беше уапсен вчера попладнето на граничниот премин Табановце, а Тодоровиќ на скопскиот Аеродром, на враќање од Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ