вторник, 26 ноември 2024

ТМРО: На изборите одиме со ВМРО-ДПМНЕ, промени се можни во голема коалиција

ТМРО на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе биде дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Со ваков изборен модел без една изборна единица ние не можеме сами да ја победиме власта, ова не се локални избори и сметаме дека суетите во интерес на иднината на македонскиот народ не се потребни, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Промени се можни само со голема коалиција, во спротивно изборот е Пендаровски и СДСМ со Талат Џафери премиер, а тоа е најлошиот избор во секој случај. Во интерес на македонската кауза и враќање на македонскиот карактер на македонската држава, сузбивање на  негативната селекција и криминалот, промена на системот и враќање на достоинството на Македонците кои како платформа се дел од нашата програма ќе ги спроведуваме од извршната власт, потребно е национално обединување за пораз на оваа ненародна антимакедонска власт и сите заедно со убедливо мнозинство да ја поразиме, да дадеме шанса за промена. Македонија пред сѐ, Македонците над сѐ“, наведува ТМРО во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ