„ТМРО го поздравува почетокот за сузбивање на организираниот криминал во правосудството. МВР во истрага но без обвинителство кое е исто така целосно непотизирано,мора да го прекине и ланецот со деценискиот премолчен организиран криминал во Кривичниот суд каде десетина адвокати инаку деца на судии и обвинители се редовно и секојдневно бранители по службена должност кај млади судии исто така деца на судии и обвинители по наследен ред, кои веќе се однесуваат како судот да им е приватен наследен имот“, велат од ТМРО.