петок, 18 октомври 2024

Тинејџерка (17) од Швајцарија си го напишала името на Колосеумот: Ја фатил водич, родителите се соочуваат со казна од 15.000 евра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Била фатена на дело кога ја видел локален туристички водич, кој успеал да го сними девојчето со својот телефон додека таа ја пишувала првата буква од своето име – Н, пренесува британски Индипендент.

 

 

Трет пат во последните неколку месеци туристите го сквернават Колосеумот на ваков начин – првиот бил пар од Велика Британија, а потоа германскиот турист Иван.

Туристичкиот водич кој го снимил девојчето рекол дека првпат снима ваков вид вандализам.

„За шест години видов десетици, има и такви кои откинуваат делови од ѕидот. Еднаш дури ме плукаа затоа што искарав едно момче“, рекол тој за италијанскиот Месаџеро.

Откако ја пријавил тинејџерката, таа и нејзините родители биле сослушани во полиција, а тие би можеле да платат казна до 15.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ