среда, 27 ноември 2024

Тимот на Трамп размислува за продолжување на директните разговори со Ким Џонг Ун

Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува за продолжување на директните разговори со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, надевајќи се дека новиот дипломатски притисок ќе го намали ризикот од оружени конфликти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на два неименувани извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку члена на тимот на Трамп забележале дека тој сега презема директен пристап во обид да ги обнови односите што веќе ги воспостави со севернокорејскиот лидер за време на неговиот прв претседателски мандат, изјавија два извори на Ројтерс запознаени со ова прашање.

Според тие извори, Трамп рекол дека „дискусиите за политиката се флуидни“ и „нема конечни одлуки“.

Транзицискиот тим на Трамп не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Што ќе му понуди Ким Џонг Ун на Трамп за возврат не е јасно, а Севернокорејците ги игнорираа повиците на американскиот претседател Џозеф Бајден во изминатите четири години за почеток на преговори без предуслови, додека нивниот претседател во моментов е охрабрен од проширениот ракетен арсенал и многу поблиските односи со Русија, оценува Ројтерс.

За време на неговиот прв претседателски мандат од 2017 до 2021 година, Трамп одржа три состаноци со Ким Џонг Ун, во Сингапур, Ханој и на границата меѓу двете Кореи, што беше првпат актуелен американски претседател да стапне на севернокорејска територија.

Дипломатските напори во тоа време не дадоа конкретни резултати, а САД ја повикаа Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма, додека Ким побара целосно укинување на санкциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ