сабота, 13 јули 2024
Се работи за 29-годишник од скопско Арачиново

Тимот на потраги на МВР фати убиец осуден на 12 години затвор и го спроведе во затвор

Во Скопје на ул. Ферид Мурати денеска во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од скопско Арачиново.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела убиство по член 123 став 2 точка 7 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ