петок, 18 октомври 2024

ТИ-Македонија: Со зголемена реализација на МВР, граѓаните се охрабруваат да пријават корупција

Објавено на

часот

Сподели

Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од ДЗР од ревизија на сметките на  СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И Алтернатива за 2021 година, номинацијата на членови во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот Совет, како и настани поврзани со активностите на Министерството за внатрешни работи кое информираше за реализирани случаи и поднесени кривични пријави за кривични дела од областа на корупцијата, се „бистрите“ настани регистрирани од Транспаренси Интернешнл-Македонија .

„Како и изминатиот месец така и овој повеќето бистри настани се поврзани со активностите на Министерството за внатрешни работи кое информираше за реализирани случаи и поднесени кривични пријави за кривични дела од областа на корупцијата. Со ваквата зголемена реализација на МВР граѓаните се охрабруваат да пријават случаи на барање и примање поткуп и други дејствија на коруптивно однесување. Проектот имаше голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со нејзе. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина“, велат од ТИ македонија.

Од „матните“ случаи, во денешното соопштение од Транспаренси Интернешнл – Македонија, наведени се случаите: Рамиз Мерко на црна листа на САД, партиите низ лупата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), амбасадорските стрели во судската мета (отворените критики на неколкумина странски амабасадори во Македонија во врска со (не)постапувањето на судиите и обвинителите по различни случаи на корупција).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ