понеделник, 21 октомври 2024

Тетовец ранил другар со пиштол, залутан куршум погодил автомобил во Рашче

Утрото околу 3:30 часот во СВР Тетово, Г.Ќ. од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26 јули 2024 година вечерта пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај тетовско Пршовце, додека седел во патничко возило со негови другари, Л.Ф. исто така од Данска, со живеалиште во скопско, од огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана.

Објавено на

часот

Сподели

„Погодениот бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР.

А завчера пред полноќ во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:40 часот во село Рашче, скопско, на кров од патничко возило фиат пунто со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Рашче, паднало заталкано зрно од огнено оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ