понеделник, 21 октомври 2024

Тетовец пријавил дека бил измамен, во негово име бил земен брз кредит

Вчера во 13 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен така што на негово име бил земен брз кредит.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, во мај 2024 година преку социјална мрежа, лицето го довело во заблуда така што побарало од него на негова сметка да му бидат испраќани пари од страна на роднина на лицето од странство.

„Како што е пријавено, тој испратил слика од неговата лична карта и трансакциска сметка и потоа во два наврати на сметката му стигнале вкупно 45.000 денари кои во Скопје ги дал на машко лице, по што бил блокиран од профилот со кој комуницирал. Исто така, според пријавеното, вчера на домашна адреса му пристигнало писмо од финансиско друштво дека должел пари за рата од брз кредит, кој никогаш не го подигнал, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ