петок, 18 октомври 2024

Тешко повреден гостиварец откако паднал од мопед

Четириесет и седумгодишен маж е тешко повреден откако вчера паднал од мопед во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.35 часот во полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.’Тоде Богданоски’ во Гостивар, Н.Ј.(47) од Гостивар, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Гостивар“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ