недела, 27 октомври 2024

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум

Вчера на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило голф со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И. (77) од Црна Гора, мерцедес со српски национални ознаки, управувано од С.М. (27) од Србија и патничко возило форд со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (61) од Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото голф О.И.(70) од Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило голф и уште двајца сопатници од возилото мерцедес, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ