недела, 27 октомври 2024

Тепачка во Маврово, приведени четири момчиња од Скопје

Групна тепачка се случила во Маврово по што полицијата привела две момчиња од Скопје на возраст од 18 и 19 години на кои им биле ставени лисици на рацете. Потоа биле приведени уште две момчиња кои пкажале агресија кон полицајците.

Објавено на

часот

Сподели

Тепачката пред викедничка и пред ресторан во 3.10 часот утрово ја пријавил нивен врсник од Скопје кој бил нападнат.

„Ноќеска во 3.10 часот, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат.

Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А.

По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од СВР Тетово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ