недела, 29 септември 2024

Тепачка во максимално обезбеден грчки затвор: Убиен еден затвореник, еден повреден

Денес, во затворот Коридалос во грчката престолнина, еден затвореник беше убиен, друг беше повреден во насилна тепачка со ножеви или друго слично оружје.

Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Властите го истражуваат инцидентот во кој учествувале албански државјани, пренесуваат грчките медиуми.

Според првите извештаи, убиениот затвореник е идентификуван како 35-годишен албански државјанин, пишува Екатимерини.

Според информациите, повредениот бил од Косово и бил итно пренесен во болница со убодна рана на грбот.

Тепачката избила во блокот Д, дел од затворот каде што биле сместени претежно Албанци осудени за тешки кривични дела, вклучително и убиства.

Се вели дека се вмешани неколку затвореници. Инцидентот ги доведе затворските власти во непријатна ситуација, бидејќи постои страв дека може да предизвика нови конфликти во објектот меѓу ривалските групи.

Управата за безбедност на Атика започна истрага за да се утврдат причините за конфликтот во овој објект со максимална безбедност во близина на Атина, во кој се сместени затвореници кои издржуваат долги казни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ