„Епохално е делото на светите браќа Кирил и Методиј кои го создале првото словенско писмо – глаголицата и чие што духовно-просветителско наследство има темелно значење за МПЦ- ОА, како и за современата македонска култура, но и за Европа. Тоа што на тогашниот црковнословенски јазик се преведуваат првите богослужбени книги на словенски јазик, го отвора патот за развојот на словенската писменост и со тоа и на македонската писменост, којашто на македонска почва се шири под закрила на Охридската архиепископија и во Охридската книжевна школа.
Но, интеркултурниот потфат на светите браќа Кирил и Методиј со право го слави и Европа, бидејки тие успеваат да ја разбијат тријазична догма дека христијанството може да се проповеда само на три јазици и ги издигнуваат словенскиот јазик и култура на рамноправно рамниште со трите други во тоа време во Европа“, се вели во честитката на премиерот Џафери.
„Значењето на светите браќа Кирил и Методиј за единството на европските народи, поради што се прогласени за светци од Православната црква и за созаштитници, односно патрони на Европа од Римокатоличката црква е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот, за доброто на сите. Во таа насока, значајна е и улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, којашто од пред две години е признаена и како рамноправна во православниот свет. Нека е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!“, порача премиерот Џафери во телеграмата упатена до поглаварот Стефан.