недела, 20 октомври 2024
Распит во ОЈО Скопје

Таткото на Вања пред обвинител негира дека е вмешан во грабнувањето и свирепото убиство на неговата ќерка

Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања која беше грабната, па убиена даде исказ пред обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Тој, според првичните информации негира вмешаност во грозоморниот случај со грабнувањето и свирепата смрт на неговата ќерка. Скопскиот Кривичен суд вчера го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и определи притвор од 48-часа за таткото Вања кој е еден од осомничените за убиството на неговата ќерка. 

Објавено на

часот

Сподели

Притворот е определен поради опасност од бегство и влијанија врз сведоци.

Претходно Кривичниот суд по предлог на ОЈО Скопје донесе итна Наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен и како организатор и реализатор на убиствата.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела грабнување и убиство. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, соопштија од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.

 „Љупчо Палевски роден на 12.12.1964 година во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела грабнување и убиство по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, соопшти вчера МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ