сабота, 26 октомври 2024

Свлечиште затрупа село во Папуа Нова Гвинеја, се стравува дека има стотина загинати (ВИДЕО)

Во свлечиште што го погоди селото Каокалам на северот на Папуа Нова Гвинеја, загинаа околу 100 луѓе, соопшти денеска Австралиската радиодифузна корпорација (Еј-би-си).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како мештаните се качуваат над огромен куп камења и земја и ја проценуваат штетата.

Еј-би-си јавува дека свлечиштето се случило околу 3 часот по полноќ и дека спасувачките служби и локалните жители извлекуваат тела.

Ројтерс не може независно да го потврди бројот на загинати.

„Изгледа дека се затрупани повеќе од 100 куќи. Не знаеме колку луѓе имало во нив во моментот“, изјави за АФП Винсент Пјати, претседател на локалната Асоцијација за развој на заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ