петок, 18 октомври 2024
Најлоша прогноза за Македонија

Светската банка: Оваа година државите од Западен Балкан ги чека забавување на економиите

Објавено на

часот

Сподели

Според проценките во анализата, просечниот раст на бруто домашниот производ во БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија оваа година ќе биде на ниво од околу 2,6 отсто, што е значителен пад во споредба со 2022 година, кога БДП растеше по стапка од четири отсто.

Најголемиот пад на БДП е проценет за Македонија, во која оваа година би требало да биде на ниво од 2,4 отсто, а најдобри изгледи има Косово, каде БДП во 2023 година треба да биде на ниво од 3,7 отсто и всушност е зголемување во споредба со 2022. Црна Гора исто така има солиден рејтинг бидејќи за неа Светска банка предвидува раст на БДП од 3,4 отсто.

„Изгледите за Западен Балкан и понатаму се неповолни, а се очекува успорување на растот на БДП на 2,6 отсто во 2023 година, на што пред сè ќе придонесат приватното трошење, извозот и, во одделни земји, јавните инвестиции“, се наведува во анализата.

Инфлацијата на Западниот Балкан во 2022 била на највисоко ниво во изминатите две децении, а притисоците врз цените останале зголемени и на почетокот на 2023, се наведува. Во повеќето земји од Западен Балкан инфлацијата мерена со индексот на потрошувачките цени достигнала кулминација на крајот на 2022, и тоа под влијание на растот на цените на енергенсите и храната, а сега покажува знаци на смирување. Но, инфлаторните притисоци остануваат длабоко вкоренети, што бара дополнително заострување на монетарната политика.

Порастот на цените особено ги погодил домаќинствата со ниски приходи, што, заедно со послабиот економски раст, значително го успорил темпото на намалување на сиромаштијата. Меѓу потенцијалните ограничувања во иднина може да биде пониската надворешна побарувачка која негативно би влијаела на приходите од извоз и би го ограничил приливот на средства од странство.

Светската банка оценува дека среднорочните изгледи за Западен Балкан остануваат позитивни, но под услов да се спроведат реформите кои ќе ја забрзаат „зелената“ транзиција и ќе ги отстранат клучните структурни предизвици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ