Потпретседателката на Светска банка, како што информира Народната банка, ги поздравила реформските активности на Народната банка и истакнала дека Светска банка ќе продолжи со поддршка.
На средбата гувернерката Ангеловска – Бежоска ја потенцирала важноста на техничката поддршка од Светската банка за подготовка на државава за исполнување на условите за пристапување во СЕПА со цел интеграција во европската платежна инфраструктура и зголемување на сигурноста и ефикасноста на прекуграничните плаќања во евра, а со тоа и поголема трговска и финансиска соработка со земјите од СЕПА.
На средбата биле разгледани повеќе проекти што Народната банка ги реализира со поддршка од Светската банка со цел дополнително јакнење на капацитетите на земјата и централната банка во повеќе области, како што се техничката помош за натамошно унапредување на анализите на финансиската стабилност, пред сè во доменот на климатските ризици.
„Светската банка ни дава поддршка и во подготовката на подзаконската регулатива за Законот за решавање банки, а обезбедува и поддршка за централната банка во развивањето на методологијата за стрес-тестирање од климатските ризици“, се наведува во соппштението од Народната банка.