вторник, 22 октомври 2024
Тридецениско партнерство

Светска банка 30 години го помага патот на Македонија кон ЕУ, смета премиерот

Објавено на

часот

Сподели

„Ова заедничко пријателство, во кое учествуваат државните институции, кои се во рамки на Владата и Народната банка, претставува исклучително важна соработка пред сѐ за нашите граѓани, не само поради финансиската поддршка што ја добиваме од Светска банка, туку поради трансферот на знаење и експертиза, кои несомнено нѐ водат кон остварување на нашите стратешки цели и вредности“, рече Ковачевски.

Додаде дека Светска банка е 30 години стратешки партнер на земјава и го поддржува развојот и напредокот на државата преку инвестициски проекти во вредност од близу три милијарди долари во различни области.

д

Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Масимилиано Палучи рече дека според последните економски дијагностики на Светска банка за земјава, снабдувањето на луѓето со квалитетни и релевантни вештини во текот на нивниот живот, отстранувањето на бариерите во учеството на пазарот на трудот, особено за жени и за млади и подобрувањето на пристапот за квалитетни јавни услуги за ранливите категории и руралните средини треба да останат како приоритет за земјата.

Потпретседателката на Светска банка за Европа и регионот на централна Азија, Антонела Басани, рече дека земјава овозможила стабилна средина и привлекла приватни инвестиции со што делумно го придвижила извозот во секторот на производството.

„Првиот проект на Светска банка за Македонија, кој вредеше 80 милиони долари, беше одобрен во 1994 година за да ја поддржи програмата за економски реформи на земјата. Во тоа време годишната инфлација во земјата беше преку 200 проценти, а земјата беше на прагот на економски колапс и неконтролирани општествени притисоци. Оттогаш, по цена на три децении на транзиција, Северна Македонија го искуси најстабилниот економски раст на Западен Балкан“, нагласи Басани.

На првата панел дискусија на тема „Стареење и миграција: Двојните демографски предизвици на Северна Македонија“ се обратија и министерот за финансии Фатмир Беисми и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ