четврток, 21 ноември 2024

Светиниколските земјоделци ќе протестираат ако МЗШВ не им ги продолжи договорите за закуп на земјиштето

Откако ресорното Министерство за земјоделство не им ги продолжило договорите за закуп на земјоделско земјиште, земјоделците од здружението Овчеполски фармер денеска доставија писмо до Министерството, со ултиматум дека, ако до утре до 14 часот никој од надлежните не им објасни дали договорите ќе се продолжат и на кој начин, земјоделците од ова здружение ќе излезат на протести.

Објавено на

часот

Сподели

Ангел Стојчев претседател на здружението Овчеполски фармер денеска изјави дека доколку до утре немаат одговор, во тој случај во четврток излегуваат на протести, со своите трактори ќе блокираат патишта и улици во Свети Николе. Посочува дека бројот на земјоделци на кои не им продолжен договорот за закуп на земјоделско земјиште е поголем од 88.

„Ние сакаме да ни ги продолжат договорите со анекс договор на 15 години. Секое ново продолжување значи и изложување на големи трошоци, само еден елаборат чини од 30.000 до 40.000 денари, па внесувањето во Катастар таму чини некаде околу 12.000 денари. Сѐ е зголемено“, изјави денеска за МИА, Стојчев.

Тој посочува дека станува збор за земјоделци кои имаат под закуп од 10 до 20 хектари, а на земјиштето веќе се посеани земјоделските култури. На ова земјиште се произведува пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан. Во моментов на овие земјоделци не им следуваат и субвенции, бидејќи договорите за закуп не им се продолжени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ