Владата ќе ја предводи малку познатиот ендокринолог и професор на Медицинскиот факултет Ѓуро Мацут, чиј избор на министри опозицијата го нарече „преодна влада“, а Мацут го нарече марионета ан српскиот претседател Александар Вучиќ.
Дводневната парламентарна расправа ја блокираше дел од опозицијата со објаснување дека не сака да ѝ даде легитимитет на новата влада. Мацут, на кого претседателот на Србија на 6 април му го даде мандатот за составување влада, денес доби мнозинска поддршка од владејачките, предводени од СНС, од 153 гласа.
Од вкупно 250 пратеници за новата влада гласаа 199, а 46 беа против. Владата ќе има 30 министри, од кои 10 нови во однос на претходниот состав, а меѓу нив и пет министри без ресор.