недела, 15 јуни 2025

Детали за инцидентот во Естонија: „Руски Су-35 влезе во просторот на НАТО, тоа е сериозно“ (ВИДЕО)

Естонските власти тврдат дека руски воен авион накратко го нарушил воздушниот простор на НАТО за време на инцидент со танкер за кој се сомнева дека ги прекршил санкциите воведени врз Русија поради војната во Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според поранешниот министер за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна, руски борбен авион прелетал над Балтичкото Море додека се обидувал да го заштити танкерот Јагуар, кој минатата недела беше ставен на листата на санкционирани бродови на Велика Британија.

Објавено е и видео од инцидентот.

Естонската морнарица соопшти дека танкерот пловел во меѓународни води меѓу Естонија и Финска, ги игнорирал наредбите за промена на курсот и на крајот бил придружуван кон руските територијални води.

„Руската Федерација испрати борбен авион да ја провери ситуацијата, а тој авион го наруши воздушниот простор на НАТО околу една минута“, изјави Цахна за новинарите. „Руската Федерација е подготвена да ја заштити „флотата во сенка“… Ситуацијата е навистина сериозна.“

Руски борбен авион Су-35 се приближи до танкерот и кружеше околу него. Според портпаролот на Естонските одбранбени сили, авионот останал претежно во меѓународниот воздушен простор, но накратко влегол во естонскиот воздушен простор додека се приближувал.

Москва сè повеќе ја користи таканаречената флота во сенка – група од повеќе од стотина бродови кои избегнуваат откривање и надзор со цел да извезуваат нафта во земји како Кина и Индија, заобиколувајќи ги западните санкции. Руските власти тврдат дека сите нивни бродови имаат право на слободна пловидба и дека секој обид за мешање е „неприфатлив и опасен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ