Проектот е прикажан во нацртите пред прототипот да биде претставен на саемот на кампери во Токио годинава.
Се верува дека ова е првиот сузики џимни со интегриран механизам на покривот, што го прави еден од најинтересните модели на саемот.
Скиците сугерираат дека конверзијата на возилото му додава 145-150 милиметри во висина, и бара отсекување на фабричкиот покрив.
Кога е кренат, отворот значително ја зголемува внатрешната висина (и просторот) на теренецот, што го олеснува движењето во кабината.
Шаторот собира две возрасни лица, додека електричниот механизам го олеснува ракувањето кога џимни ќе пристигне на саканото место за кампување.
Компанијата сè уште не одлучила дали ќе им ја понуди кампер верзијата на купувачите. Меѓутоа, фактот што направиле функционален прототип наведува на заклучокот дека конверзијата би можела да биде понудена на пазарите на кои се продава верзијата со 5 врати – како Индија и Австралија.
Сузуки џимни со 5 врати првично беше претставен во јануари 2023 како попрактична опција во споредба со пократкиот модел.
Должината на возилото е 3.985 милиметри, што е 340 милиметри повеќе од моделот со пократко меѓуоскино растојание.
Покрај опциите со 3 и 5 врати, Сузуки наводно размислува за проширување на понудата на џимни со долгоочекуваниот пикап.